Немирно утро во Штип - стравичен пожар проголта викендици ниви и животни
Пожарот кој рано утринава избувна близу Штип, проголта три викенд трла, кокошарници и свињарници, животни и неколку ниви и ниско стеблеста шума, пренесува Канал 5.
Според телевизијата, ширењето на огнот успеале да спречат пожарникарите со нивната брза интервенција.
- Утрово околу пет часот, први со лавеж се огласија кучињата. Излегов и има што да видам, густи облаци од час се издигаа во неколку викендици во близина на мојата. Веднаш се јавив на пожарникарите,а тие со пет возила и 30 пожарникари за миг дојдоа да гасат, вели очевидецот и учесникво гаснењето на огнот, Митко Павлов за Канал 5.
Пожарникарите и сопствениците на опожарените викенд куќите се убедени дека причина за опожарувањето е човечки фактор.
- Да токму така, човечки фактор е причина за избувнување на оваа огнена стихија. Друго и не може да биде. Иако е екстремно жешко, оган не може да избувне од стакло или слично нешто бидејќи по нашето пребарување, не најдовме било каков стаклен предмет, изјавил за Канал 5, командирот на штипската ТППЕ, Кирчо Патраклиев.
Во последнава недела, штипските пожарникари успешно интервенирале дури на 13 локации.