Прекршочна пријава за напаѓачот на новинарот на Телма
Во Скопје на улицата „Димче Мирчев“ пред главната капија на Министерството за внатрешни работи, синоќа околу 21 часот и 20 минути, 29-годишниот Б.П. од Скопје, вработен како новинар во ТВ Телма, бил физички нападнат од страна на 32-годишниот К.П. од Скопје.
МВР денеска соопшти дека новинарот повеќепати бил удиран со раце и нозе во пределот на главата и телото и му биле нанесени видливи повреди.
К.П. бил приведен во Полицијата во Центар и по целосно расчистување на случајот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа