Нов закон: За навреда на Facebook 21.000 денари казна

 

Според новата регулатива во Брисел, навредите кои ќе бидат објавени преку Фејсбук, ќе бидат казниви исто како и при говор на улица.

Полицијата во западен Брисел донесе декрет според кој правилата кои го опфаќаат однесувањето во јавниот простор, ќе важат и за социјалните мрежи.

Така, во општината Жет, оној кој ќе се послужи со говорот на омраза ризикува да биде казнет со 350 евра парична казна (околу 21.000 денари)

-Она што не смеете да го направите на вашиот сосед, на пример, да го навредувате бидејќи бил премногу гласен, досега беше дозволено на социјалните мрежи, но отсега нема да биде така- изјави градоначалникот на оваа општина, Ерве Дојен.

Тоа не значи дека полицијата ќе ги следи социјалните мрежи, но дава можност за тужба од лицата кои се жртви на несоодветни коментари и навреди, пренесува Ројтерс.

По поднесување на жалбата, полицијата ќе го идентификува и гони авторот, со што ќе покрене судска постапка.

 
 
21.10.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега