Украл 500 евра од црква во Битола

Во селото Вардино, демирхисарско, во црквата „Св.Никола“ непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со употреба на алат и физичка сила ја отворил вратата, влегол внатре и од три дрвени каси одзел 30.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Увид извршила увидна екипа на полицијата од Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
20.10.2016 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега