Новинарска „тепачка“: Поради интервју на Press24 Геро и Саше Политико „се фатија за врат“
Вистинска новинарска „војна“ почнаа уредниците на порталите, Плусинфо, Бранко Геровски и Мактел, Саше Ивановски, по интервјуто со министерката Гордана Јанкулоска кое го објави Press24. Геровски го обвини Иванвоски дека „паднал на спинот на министерката Јанкулоска“
„Момчето што го прави Мактел, како што е општо познато, веќе извесно време упорно води некаква своја приватна војна против мене и против Плусинфо. Освен на Фејсбук, каде што одвреме-навреме се забавувам со сочиненијата на тоа момче што има тажен проблем да го дефинира својот политички идентитет (трудејќи се да го убеди СДСМ да тргне по стапките на Никола Груевски), јас просторот на Плусинфо не го арчам за полемики со него. Но, сега правам мал исклучок, пред сѐ поради фактот што Мактел се повикува на спинот на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која сепак е значајна личност и во власта и во нејзината партија“ - напиша Геровски во својата колумна насловувајќи ја „Дури ни куририте не нѐ мразат колку Мактел, за да голтаат глупави спинови!“
Ивановски не му остана должен. Напиша дека Геровски сакал да воведе дисциплина и да им порача на сите новинари дека не смеат да имаат различен став од неговиот
„Ова ми се чини е некаква дисциплинска мерка за што еднаш и пишував. Мислам дека он сака да прати порака на сите негови соработници кои сега ги има во Плусинфо. Едноставно пораката е видете што ќе ви се случи ако ми завртите грб и почнете да имате свој став. Има да ја искористам сета медиумска моќ што ја имам и ќе ве здробам. Само јас имам право на свој став а вие сте тука само да известувате од прес конференции и да слушате. Тоа е исто срање со мајндсетот на Груевски и бандата“ - напиша Ивановски во колумната со наслов „Геро повеќе време троши на Мактел и Саше Политико од што лови риби“
Инаку порталите Мактел и Плусинфо се дел од медиумите формирани од невладината СОРОС