Отец Зоран Алексовски: Македонските свештеници во Австралија се жртва на притисоците на владиката Петар

 

Отец Зоран Алексовски е еден од свештениците на Македонската православна црква-ОА кој е жртва на црковниот спор во Австралија. Таму заминал според сите црковни прописи и служел кај владиката Петар, се до моментот кога верниците не побарале да работи и во црквата „Света Петка“, а не во изнајмена црква. Случајот Алексовски е типичен пример за начинот на кој се расчинувани свештениците од надлежниот Администратор, Владиката Петар. Интересно е што Архиепископскиот црковен суд во Скопје два пати носел одлука дека решението за неговото расчинување од владиката Петар е невалидно, но по трет пат, како што вели Алексовски, под притисок на Петар Синодот, односно Архиепископскиот Црковен Суд,  го уважува решение на Епархискиот црковен суд со кој раководи Владиката Петар. На овој начин, Синодот под притисок на Петар, ја погазил одлуката на највисокиот канонски суд на МПЦ, кој двапати одлучувал дека Алексовски е неправилно расчинет.

За Прес24 раскажува дека тоа била главната причина владиката Петар да тргне во пресметка со него. Расчинет е зашто неговата сопруга извршила абортус, што според австралиските граѓански прописи е легитимно прав

Господине Алексовски, вие сте еден од свештениците што се расчинети од владиката Петар. Колкав е бројот на таквите свештеници и каква е сега нивната положба?

Алексовски: Во Австралија во моментов има свештеници кои се дојдени , и кои се казнети од владиката Петар, поради непослушност, односно поради самоволно доаѓање без благослов, свештеници кои останаа да бидат на страната на народот во цркви кои не се согласуваат со одлуките на владиката Петар.Сите овие свестеници според владиката Петар се невалидни и расчинети, но тоа нема никакво влијание кај верниците, бидејќи сите овие свештеници служат во македонски храмови, изградени од темел од македонскиот народ, и осветени од македонски владика.Нема ниту еден кој има изнајмено приватна црква, или црква која не е православна, како што е случајот со владиката Петар кој има иноверни цркви под кирија, и во кои служи со години.

 

Како се случи вие да дојдете во Австралија?
Алексовски: Јас во Австралија не дојдов по своја желба, туку по барање на Црковната управа на црквата „Света Петкасо благослов и со одлука на владиката Петар и со одлука на Врховниот суд на Нов Јужен Велс од 8 јули 2003 година, како неутрален свештеник кој не е од епархијата на Петар и кој не е со управата на Света Петка од Рокдаел, за разрешување на долгогодишниот спор и конечно црквата Света Петка да почне да функционира.
Во Австралија дојдов на 16 декември 2004 година. Но, владиката Петар не ми дозволи да служам во Света Петка, иако мојата гаранција беше од Света Петка, со образлозение дека црквата не е подготвена и дека треба да се преосвети повторно и ме постави да служам во протестанска црква која беше изнајмена под кирија, а се наоѓа само на 500 метри до црквата Света Петка. Таму служев скоро две години, спротивно на мојата волја и волјата на македонските верници кои се црквуваа во црквата „Света Петка, а воедно и на црковната управа кои потрошија материјални срества за подготовка на виза, а сепак да останат без свештеник.

 

Што се случи подоцна?

Алексовски: Владиката Петар неможеше да го издржи притисокот на верниците кои бараа да служам во „Света Петкаи поради неисполнувањето на одлуката на судот, бараше причина што поскоро да ме врати назад во Македонија.Во тоа време се случи сопругата, по нејзина слободна волја да изврши абортус, за што има доказ со нејзина лична изјава која ја достави и до Петар. Тоа воедно беше и добра причина г. Петар да се ослободи од мене. Во неколку наврати побара да поднесам канонски отпуст од австралиската епархија и да се вратам назад во Македонија и таму да бидам свестеник со ветување дека тој ќе го прикрие абортусот и никој нема да има право да го покрене тоа прашање.
Кога го одбив тоа, Петар ми се закани дека ќе ме даде на црковен суд. Знаејќи дека немам направено никаков престап, свесно прифатив правдата да ја барам преку црковните институции.

Веројатно следуваше одлука за ваше расчинување?
Алексовски: Во два наврати Епархискиот црковен суд на чело со владиката Петар донесе одлука за расчинување, со различни обвинувања. Најнапред, за учесник во абортус, потоа за соучесник, па за непослушност и омаловажување. На двете пресуди се жалев до Архиерејскиот црковен суд. По првата пресуда Архиерејскиот црковен суд донесе позитивно решение и ја отфрли пресудата на владиката Петар и делото го врати назад на повторно разгледување, на 07 февруари 2007 год. со ресение Бр. 3 / 2007.
На 30 мај 2007 година повторно Епархискиот црковен суд донесе одлука за расчинување. И на оваа пресуда направив жалба и ја испратив до Архиепископскиот црковен суд во Македонија.Повторно Архиепископскиот црковен суд донесе позитивна одлука на 06 март 2008 година, и ја отфрли пресудата на владиката Петар, и решението го испрати со регистрирана пошта на 10 март 2008 година. Владиката Петар не сакаше да го прими ова решение. На 29 мај 2008 година,повторно решението беше испратено и овој пат владиката Петар не го прими.

 

Дали тогаш имавте комуникација со г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ и останатите владици од Светиот синод?

Алексовски: Во март 2009 година направив напор и потрошив околу 5.000 долари за да дојдам во Македонија со цел лично да го подигнам решението на Синодот.  Направив лична средба во кабинетот со поглаварот, а потоа и со уште неколку владици во Македонија. Им ја образложив целата состојбаи причината зошто сум дојден.Од сите нив, добив поддршка дека имам законско право да го добијам решението лично , кога веќе владиката Петар не сака да го прими.Добив ветување дека решението ќе ми биде испратено по пошта.Но, поради силен притисок од страна на Петар со нецелосна поддршка на сите членови на Светиот Синод, наместо решението на 16. 07. 2009 година по факс добив одлука дека Синодот по опстојна расправа, и покрај позитивното решение кое е донесено од највисокиот црковен суд , сепак ја прифака пресудата на Епархискиот суд.

 

Дали во меѓувреме служевте во други православни цркви во Австралија?

Алексовски: И покрај маратонскиот процес кој владиката Петар го водеше против мене три години,сепак не влегов во црквите кои г. Петар не ги признава, со единствена цел да не му дадам прилика да ме обвинува дека служам во неканонски цркви. Затоа побарав благослов од поглаварот на Антиохиската црква, владиката Павле да служам во нивната црква. Ги однесов сите документи од судската расправа, каде тој не најде никаква пречка да бидам дел од нивната црква која е канонска и призната од сите православни цркви.

После една година, црквата „Свети Кирил и Методиј во Розбери имаше потреба од свештеник, каде работев до јуни 2012 година. Потоа служев и во црквата Свети Никола, се` до доаѓањето на свештеникот Георги, кој бесе испратен од владиката Тимотеј.

 

Дали сега ја извршувате свештеничката функција?

Алексовски: Сега работам како администраторво црквата „Свети Кирил и Методиј“. Не сакам да бидам проблем во преговорите на општините со Синодот за разрешување на долгогодишниот проблем.

Се надевам дека Светиот Синод , повторно ќе ги разгледа донесените решенија за расчинување, ќе изврши рехабилитација и повторно ќе се вратам назад во црквата, со што и правдата ќе биде задоволена.

 

Како се однесуваат кон вас верниците што одат во црквите на г. Петар?

Алексовски: За време на мојот деветгодишен престој во Австралија, добро сум прифатен оде сите верници, како од оние што се со владиката Петар, така и од оние кои се против него. Тоа се гледа од постојаната комуникација со сите, а воедно и од фактот дека сум баран за сите нивни духовни потреби. Поддршката ја имав и в о времето кока владиката Петар ги осуди моите тогаш малолетни деца со заврана за причест од две години, поради поддршка на нивната мајка. Постојано случев во македонски цркви копи се изградени од македонскиот народ, каде се извршуваат 8- отство од црковните потреби на верниците.

 

Што беше причината да дојде до спор во епархијата на австралискиот континент?

Алексовски: Во Австралија нема проблем.Доколку имаше до сега ќе се решеше. Се работи за вештачки направен спор, каде инаетот и суетатасе најслатки се од се`. Се потросија милионски суми по судовите, наместо со тие срества да се направеа неколку градинки, старски домови, каде ќе се вработеа Македонци, со што ќе се обезбедеше финансиска состојба на многу фамилии.Ресението е јасно. Треба да се постави нов владика, кој не е инволвиран во проблемот, како и да се променат досегашните членови на управите, кои беа инволвирани во случајот.Несакам да судам, но рибата смрди од главата. Ако не се посегнеше по имотите на црквите во Австралија, сигурно немаше да има ниту раскол.

 

Дали сметате дека владиката Тимотеј има капацитет да раководи со сите македонски црковни општини во Австралија?

Алексовски: Сигурно дека владиката Тимотеј има капацитет, со оглед дека претходно беше надлежен за Австралија и е добро запознаен со целиот случај. Не сметам дека решението на нашиот проблем е во поделбата на австралиско-новозеландската епархија на две посебни епархии. Можеби тоа би било привремено решение. Сепак, ако се назначи нов владика е најдобро решение, со што би се исполнила библиската цел „еден пастир и едно стадо" .

 

 

Дали имате комуникација со свештенството во Македонија?
Алексовски: Имам редовна комуникација со свештениците во Македонија , особено со свештеници од Скопје, каде што работев 19 години, а исто така и со неколку владици.

04.08.2013 - 22:13

најчитано сега