Старт на македонскиот фудбалски шампионат
Денеска со почеток во 18 часот ќе започне новиот шампионат на македонското фудбалско првенство. Епитетот дерби натпревар ќе го имаат екипите на Металург и Работнички кои на во „Железарница“ ќе се пресметаат со почеток во 18 часот. Покрај овој натпревар во истиот термин ќе се играат и мечевите меѓу Шкендија и Хоризонт Турново, Гостивар Брегалница, Напредк Ренова и Пелистер Еуромилк. Последниот натпревар кој ќе стартува од 20 часот ќе се одигра на арената „Филип Втори“ во кој што силите ќе ги одмерат шампионот Вардар и довчерашниот второлигашки тим на Македонија Ѓорче Петров.