Скандал во Штип - СДСМ не прати ниту еден свој член на прославата за Илинден

Делегација на СДСМ не се појави на одбележувањето на големиот државен празник Илинден во општина Штип. На четирите настани кои беа организирани по повод празникот, не се појави ниту еден член на СДСМ, иако партијата партиципира во Советот на Општината. 

Екс лидерот на СДСМ во Штип, Петре Ангелов, за локалната телевизија „Стар“  истакнал дека е недозволиво за ваква партија да не покажува почит кон големиот празник.

- Не само што е недозволиво на вакви денови СДСМ да не се појави како наследник на СКМ , туку е веќе и помалку срамно. Јас како еден од основачите и поранешни претседатели на СДСМ во Штип се срамам што ниту еден претставник не се појавил на настаните, ниту пак имал за потребно да достави партиска програма за одбележување, вели Ангелов.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ има обврска да присустува на одбележувањето на важните настани од историјата на Штип и Македонија.

- Секоја година не критикуваа дека премногу внимание сме давале на Илинден 1903 а не на Илинден и НОБ. Еве годинава Општината направи одлична програма, но за жал, на ниту едно од чествувањата не се појави делегација на СДСМ. Сите партии и здруженија на граѓани имаа свои претставници, но не и СДСМ. Јас немам што да коментирам, доволно е што поранешниот претседател Ангелов  кажал дека се срами од ваквата несериозност на СДСМ. Граѓаните нека проценат, колку СДСМ во Штип се сериозни и колку им даваат важност на историските датуми на земјава, вели Никола Мицевски, координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, пренесува Курир.

 

најчитано сега