Македонката Богдановски го заврши својот настап на Светското првенство
Анастасија Богдановски го заврши настапот на Светското првенство во пливачки спортови што се одржува во Барселона.
Македонката претпладнево во квалификациите на 50 метри слободно, исплива време - 26.93 секунди.
Ова е послабо време од нејзиниот најдобар резултат со кој беше пријавена на шампионатот - 26.45 секунди.
Богдановски се пласира на 46.место во вкупниот пласман од 83 натпреварувачки.