Разрешениот директор на чешкиот Национален театар се враќа во својата фотелја
Чешкиот премиер Јиржи Руснок му наредил на министерот за култура Јиржи Балвин повторно да го врати на функција разрешениот директор на Народниот театар, за кого во знак на поддршка десетици актери поднесоа писмени оставки.
- Ја испратив мојата писмена оставка. Ова не е првпат, од ден на ден да се разрешуваат директори на НД и се чини дека никакви протести, дебати или штрајкови не помагаат веќе. Не сакам за мојот живот да расудуваат луди луѓе, реагирал актерот Ондреј Павелка.
По само еден ден од разрешувањето, директорот Јан Буриан ќе се врати на функцијата на која неодамна беше избран. Според министерот, причина за отповикувањето на Буриан е тоа што неговиот избор е направен на затворен конкурс.
Против смената на Буриан се изјасни и Комисијата на прашкиот музички театар и Актерската асоцијација, како и експертската Комисија која по изборната постапка го препорача токму Буриан како најдобар кандидат.
Членовите објаснуваат дека начинот на неговиот избор е согласно стандардите за избор на директор на слични институции во Европа.