Бизарна несреќа во Македонија: Воз удри во такси - го влечел возачот 300 метри по шините

Утринава се случи несреќа на железничката пруга Битола – Скопје, кога патнички  воз удри во такси возило управувано од  56-годишен битолчанец. Од силината на ударот, такси возилото било влечено тристотини метри по шините, при што возачот го загубил животот.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место. Издадени се наредби за обдукција на телото на починатиот и анализа на крв за утврдување на евентуално присуство на алкохол. По проверките направени на лице место утврдено е дека нема присуство на алкохол кај машиновозачот.

Истражните дејствија продолжуваат во насока на откривање на причините за случената несреќа.​

 
 
24.09.2016 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега