Гостивар: Ги врзале за кревет и ги малтретирале цела ноќ

Во Гостивар 40-годишниот А.А. од Албанија и три непознати лица со употреба на физичка сила влегол во куќата на Ш.Б. и А.Б. кои спиеле.

СПоред податоците од полцијата, насилниците од креветот го извлекле Ш.Б. и му ги врзеле рацете, а на А.Б. и ја затвориле устата со рака, и ги врзале рацете, заканувајќи им се на висок тон да не викаат, барајќи им пари. Едно од лицата одзело елек во кој имало 1.300 денари и мобилен телефон на оштетениот Ш.Б. а на оштетената А.Б. и ги извадиле двете златни алки од рацете и една златна огрлица, по што пронашле и женска чанта во која имало паричник со по една банкнота од 50евра, 20евра, 50 швајцарски франци и две банкноти од 20 швајцарски франци.

Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

 
 
23.09.2016 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега