И побарал парче леб - охриѓанка му забила секира

38-годишниот насилник Ф.А. од Делогожда, струшко, заработи кривична откако околу 02 часот пристигнал во Ново село и затропал на вратата од куќата на 56-годишната З.Д.

Истата ја отворила вратата откако Ф.А. и кажал дека сака леб, по што влегол внатре. Во момент кога З.Д. се упатила кон кујната, пријавениот ја заклучил влезната врата, почнал да ја влече со цел да ја онеспособи и да изврши пребарување по куќата. Притоа, жената  успеала да земе секира и  да го удри  пријавениот по главата. Откако Ф.А. паднал на подот,  З.Д. избегала од куќата и побарала помош кај соседите.

По кратко време со нив се вратила во куќата, но напаѓачот не бил таму.

 
 
23.09.2016 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега