Македонската полиција уапси две лица барани со потерница

Уапсени две лица кои се барале долго време со потерница. Во 14 часот на Граничниот Премин Аеродром „Александар Велики“ - Скопје како депортирано лице допатувал 31-годишниот Х.С. од селото Арнакија, скопско. По извршена проверка констатирано е дека лицето  евидира  со мерка “Апси“.  

Исто така, еден час подоцна, во 15 часот на „Аеродром Александар Велики“ Скопје како депортирано лице пристигнал 41-годишниот С.А.  од Романовце, кумановско. По извршена проверка констатирано е дека лицето евидира со мерка „Апси“.

Двете лица се лишени од слобода.

 
 
23.09.2016 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега