Починал на лице место: Уште една сообраќајка во Македонија заврши трагично

Трагедија ја потресе Македонија кога во текот на вчерашниот ден во 10 часот и 30 минути, на Регионалниот пат Прилеп - Македонски Брод, на планинскиот превој „Барбарос“,  се случила сообраќајна незгода во која 65-годишниот Ц.М. од Прилеп, управувајќи камион „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на ДООЕЛ „Смит-Транс“ - Прилеп, движејќи се  во правец  на Македонски Брод, изгубил контрола над возилото и се превртел на коловозот, при што  починал на лице место.

Увид  на местото на настанот извршила екипа од полицијата.

 
 
23.09.2016 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега