Шверцерите на мигранти не може да и избегаат на македонската полциија

34-годишниот И.С. од Арачиново– скопско ќе одговара пред полицијата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.  Во валандовско од страна на полициски службеници бил забележан како во своето возило „Опел Синтра“ превезува 10 мигранти од Авганистан, по што откако започнале да го следат, обидувајќи се да го сопрат, тој по кратко време го сопрел возилото и од истото започнале да излегуваат и да бегаат мигрантите, а додека тој останал во возилото заедно со уште едно лице државјанин на Авганистан, по што истите биле приведени. Од страна на судија на предходна постапка на пријавениот му е одредена мерка претпазливост.

Исто така, полицијата откри уште еден ваков случај на автопатот Гевгелија-Скопје, на околу еден километар по селото Удово. Било забележано патничко возило „Форд Мондео“, по што полицајци започнале да го следат со намера да го сопрат. Возачот излегол и се дал во бегство во правец на реката Вардар. Од извршената контрола во возилото пронајдени биле 11 мигранти од Ирак. Лицата биле приведени  и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
22.09.2016 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега