Девојка силувана среде бел ден во Куманово

Хорор ја потресе Македонија, пријавено е уште едно силување. Среде бел ден, во 15 часот, во селото Старо Нагоричане  Ж.Д. од Куманово се јавила во полиција и пријавила дека истиот ден додека била сама во нејзината куќа во село, дошол 42-годишниот Д.В. и со употреба на физичка сила ја присилил на обљуба, вршејќи други полови дејствија.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата.

Еден час по грозоморниот чин од страна на полициски службеници осомничениот бил пронајден и приведен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
22.09.2016 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега