Одложено судењето за „Поткуп“ - обвинетиот Заев бил на патување во Тирана

Зоран Заев денеска не се појави на судењето за случајот Поткуп во кој се јавува како обвинето лице.
Според информацијата која што ја соопшти судијката Дијана Груевска Заев на судот му доставил известување дека на денешниот ден ќе биде службено отсутен поради патување во Тирана.
На рочиштето не се појави ниту адвокатот на Заев.
Рочиштето е одложено за 22 ноември.
Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163 924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Според обвинението, половина од парите биле наменети за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

 
 
22.09.2016 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега