Младо момче од Скопје се бори за живот на Ургентен

Во 19 часот во Скопје во населбата Гоце Делчев на локалниот пат кон селото Петровац, се случила сообраќајна незгода во која 54-годишниот Ј.Д. управувајќи возило „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки, удрил во велосипедист. Се работи за 19-годишниот Х.К. исто така од Скопје.кој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентниот Центар каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Момчето се бори за живот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата која превзема мерки за целосно расветлување на несреќата.

 
 
21.09.2016 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега