Се судрија два Мерцедеси: Возачот целиот со скршеници на Ургентен во Скопје

Уште една страшна сообраќајка во Македонија. Во текот на вчерашниот ден во 16 часот и 25 минути, на магистралниот пат Гостивар – Кичево кај исклучокот за Ново Село, се судриле  „Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управуван од 43-годишниот А.А. од Турција, со привремен престој во селото Велешта-струшко и возило „Мерцедес“ со охридски регистерски ознаки управувано од 66-годишниот Ј.А. од Струга.

Според податоците од полциијата, во незгодата со тешки телесни повреди како скршеници на череп и скршеница зглоб на левата нога, се здобил Ј.А. кој бил  пренесен на лекување во Ургентниот Центар во Скопје, додека А.А. се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во болницата во Гостивар.

Во незгодата оштетено било и трето возило, „Сеат Ибица“ со скопски регистерски ознаки  управувано од 55-годишниот Ѓ.М. од Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата.

Сообраќајот,  до  завршувањето  на  увидот  се  одвивал  наизменично  по една коловозна лента.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 
 
21.09.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега