Тешка сообраќајка кај Гостивар: Се судрија два Мерцедеси, возачите во болница

Два автомобили марка „Мерцедес“ се судриле попладнево околу 16 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај гостиварско Ново село во близина на селските гробишта.

Од СВР Тетово за Курир информираат дека во сообраќајната несреќа учествувале две возила „Мерцедес“, со скопски и охридски регистерски ознаки. По сообраќајката едниот „Мерцедес“ удрил во „Сеат Ибица“ со скопски таблички.

Со две возила на итна медицинска помош во гостиварската болница се пренесени двајцата возачи на автомобилите „Мерцедес“, но каракатерот и видот на повредите ќе бидат познати по завршувањето на лекарските прегледи.

soob-mercedesi1

Од АМСМ информираат дека сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, а полицијата врши увид по што се очекуваат повеќе детали.

ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам

 
 
20.09.2016 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега