МВР смирува: Нема ниту една пријава за обид за киднапирање во Скопје

МВР соопшти дека во врска со информациите кои последните денови се појавуваат на социјалните мрежи дека наводно неколку деца се грабнати или пак имало обиди за грабнувања и киднапирања на деца на територијата на град Скопје од организирана група, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ги информира граѓаните и жителите на главниот град дека досега во Министерството не е пријавен ниту еден ваков случај.

 

Министерството за внатрешни работи, исто така, апелира до граѓаните,  доколку забележат сомнителни лица во нивните реони, во нивните улици или пак ако слушнат за вакви или слични настани веднаш да пријават на телефонскиот  број 192 или во најблиската полициска станица

 
 
20.09.2016 - 17:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега