Паника во Гостивар: Одекнаа две експлозии во зграда

Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути во Полицијата во Гостивар била пријавена експлозија на улицата „Панче Попоски“ зграда бр.2 во приземјето од станбениот објект. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници во приземјето било пронајдено пластично шише со непозната течност со остар мирис и парчиња од алуминиумска фолија.

По кратко врмее во непосредна близина од соседната зграда се слушнала уште една детонација, при што биле забележани две лица како со трчање се оддалечуваат.

Од страна на полициските службеници кои го обезбедувале местото биле преземени мерки за пронаоѓање на лицата. Истите се пронајдени и од извршената проверка на идентитетот констатирано е дека се работи за две малолетни лица на возраст од 16 години од Гостивар.

 

 
 
20.09.2016 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега