Хорор во Кичево: Ја осакатил и ограбил откако имале секс

40-годишниот Т.Б.  од Охрид ќе одговара за грозоморно дело. Тој околу 22 часот и 30 минути кај спомен костурницата „Китино Кале“ во Кичево, по претходен договор со Н.Џ. од Кочани, дека за 1.500 денари ќе му пружи сексуални услуги, истиот ја искористил, па по сексот почнал да ја удира со тупаници по главата и телото, при што и нанел телесни повреди во  пределот на главата.

Потоа за хоророт да биде поголем со употреба на физичка сила и ја одзел ташната во која имала 4.500 денари, два мобилни телефони, лични документи, златен накит, како и 1.500 денари кои претходно и ги дал за договорените услуги, по што со неговото патничко возило си заминал од местото на настанот.

 
 
20.09.2016 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега