Пекол за тетовчанка: Момчето и ги закачило порно фотките на Фејсбук

Тетовчанец ја уценувал својата девојка и и го претворил животот во пекол. Се работи за 35-годишниот И.С. од селото Вешала кој ја уценувал девојката, 21-годишната Л.А. од Тетово со која бил во љубовна врска, дека преку социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии, а исто така и преку останатите друштвени мрежи испраќал порака со заканувачка содржина и дека ќе објавувал нејзини фотографии се додека не му даде 300 швајцарски франци. По ова, отворил нов профил на фејсбук со нејзино корисничко име каде објавувал нејзини фотографии со компромитирачка содржина за што од страна на мајката на девојката му биле дадени 200 швајцарски франци.

Пред да биде пријавен, успеал да им земе уште 100 швајцарски франци.

 
 
20.09.2016 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега