Страшна сообраќајка во Дебар: Жена се бори за живот

Во 11 часот во Дебар на булеварот „Илирија“ во непосредна близина на кружниот тек, се случила страшна сообраќајна незгода. Според податоците од полицијата, 64-годишниот Н.М. од Дебар управувајќи возило „Фолксваген-Голф“ со охридски регистерски ознаки, удрил во 68-годишниот пешак А.М.

Жената се здобила со повреди во пределот на главата и телото и била итно пренесена во костозглобната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Потоа, поради сериозноста на повредите била префрлена во Клиниките на Скопје каде за жал се наоѓа во животна опасност.

Увид на место на настанот извршила увидна екипа од полицијата.

 
 
20.09.2016 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега