Трагедија вечерва во Охрид: Синот учествувал во сообраќајка - татко му починал од инфаркт

Неговиот син направи сообраќајка, а таткото кога дошол на местото на несреќата се онесвестил, по што починал.

Брзата помош интервенираше со три возила со кои ги превезуваше настраданите во сообраќајката пред Охрид, а во меѓувреме во колоната возила еден човек татко на еден од учесниците во сообраќајната несреќа се онесвести, по што за жал од страна на Брзата помош не беше можно да се испрати возило.

За жал граѓаните кои беа најблиску до несреќниот човек одбиваа да го превезат во своите возила, а зачудувачки беа и одговорите на некои од нив кои едноставно на пожарникарите кои се обидуваа да помогнат им одговараа дека ''немаат време да го превезат'' и се ''брзаат'', пишува Охрид 1

На  крај човекот беше превезен до интерното одделение со возило со вевчански регистарски таблички но по пат им подлегнал на повредите.

Во сообраќјаната несреќа пред Охрид, повредени се 4 лица.

 
 
19.09.2016 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега