Ова е најдобриот рецепт за ајвар кој можете да го направите во својот дом и во најмалата кујна
Сите се согласуваме дека, домашниот ајвар е најдобар, особено кога рецептот доаѓа од перото на искусниот домаќин.
Зимницата за многу е незамислива без ајвар, а таа може да се направи само од пиперки или со додаток на патлиџан. Дознаваме најдобар рецепт за најдобар ајвар и може да се потврди дека навистина е одличен.
Обидете се да го подгответе и нема да зажалите.
СОСТОЈКИ
•7 кг. пиперки
•3 кг. модар патлиџан
•1 л. оцет
•2 л. вода
•2 главици лук
•малку лути феферонки
•2-3 лажици сол и шеќер
ПРИПРЕМА
•Пиперките ставете ги во оцет да се варат 2-3 минути, а патлиџаните 5-6 минути. Пиперките и патлиџаните смелете ги први, а потоа феферонките лукот и додете малку бибер.
• Се тоа оставете да врие со 8 унци масло на тивок оган околу час и половина. Ајварот ставете го во топли тегли и ги сместете ги во топла (не жешка) рерна.
• На секоја тегла ајвар да се стави една лажица масло за да се направи кора и за ајварот да не добие воздух.
Теглите затворете ги следниот ден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа