Малолетник заработи кривична пријава - погледнете што пронајде полицијата во неговата рачна торба

Вчера во 12:40 часот, при пасошка контрола и проверка на рентген снимка, во рачниот багаж на петнаесетгодишник од Италија пронајден е еден куршум калибар 7,62 мм.

Куршумот е одземен со Потврда за одземени предмети, а лицето е задржано во Полициска станица.

 

Со лицето е извршен разговор во присуство на родител, по што против истото е поднесена Кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“.

 
 
19.09.2016 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега