Се запали автомобил во движење на патот Гостивар-Кичево

Околу 15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај каменоломот,  дошло до опожарување на возило „Мерцедес“ со хрватска национална ознака, управувано од 75-годишниот М.Г. од Хрватска, кое било во движење.

Од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полицијата.

 

 
 
19.09.2016 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега