Голем инцидент се случи на Бихаќка

Голем инцидент се случил вчера на улицата Бихачка.  

Лицето А.И. (36) од Скопје во полициската станица во Центар пријавил дека во петокот   околу 16,00 часот на ул„Бихачка“ при извршување на службени работни задачи како фоторепортер односно додека фотографирал објектот на политичка партија две непознати лица излегле од објектот и на висок тон му побарале да ги избрише фотографиите. Откако ги одбил, едното лице го фатило за двете раце, а другото лице му го земало фотоапаратот и почнало да ги брише фотографиите. Потоа настанало туркање и истиот повторно го зел  апаратот, но лицата не му дозволиле да си оди и го туркале кон возилата од паркингот. А.И. се обидел да ги сними со мобилен телефон, но едното лице му го одзело телефонот, по што заминале и влегле во објектот, а после кратко време излегло едното лице и му го фрлило мобилниот телефон во тревата од каде истиот го зел.

Полицијата  презема мерки за целосно расчистување на случајот

 
 
18.09.2016 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега