СИТЕЛ: Универзитетот „Дамјан Груев“ ќе биде отваран етапно

Универзитетот за национална безбедност „Дамјан Груев“ ќе се отвара етапно, во временски период од неколку години. Во рамки на универзитетот ќе функционираат неколку единки, како воена и воздухопловна академија за потребите на армијата и министерството за одбрана, а ќе има и цивилни факултети. Од тука паѓаат во вода тврдењата на опозицијата дека универзитетот набрзина ќе започне со работа од 1-ви септември, за што беа поднесени и 1000 амандамни за кочење на донесување на Законот за негово основање, изјави денес во Штип, заменик министерот за образование Спиро Ристовски.

- Владата и министерството за образование, многу детално, етапно и многу сигурно ќе пристапи кон оформувањето на секоја од овие засебни единки врз основа на засебен план. Истовремено, во рамки на тој универзитет, не станува збор за некоакво инволвирање или инфилтрирање на партиски кадри. Напротив, универзитето „Дамјан Груев“ во она што е матичен законик има најстроги критериуми за влез на професори и останат наставен кадар во истиот, од она што значи стандард во Р. Македонија- изјави Спиро Ристовски, заменик минисер за образование

Ристовски додаде дека во оваа насока ќе бидат ангажирани и странски професори кои ќе го зголемат квалитетот, но и ќе ги исполнат високо поставените стандарди. На новинарско прашање за неговиот став по повод најавите на СДСМ, дека доколку дојде на власт ќе гради студентски дом во Штип, заменик министерот истакна дека тоа само ја покажува нивната несериозност.

- Универзитетот „Гоце Делчев“ беше проект кој што беше сериозно обвинуван од опозицијата, исто како и сега во најава за универзитетот „Дамјан Груев“. И тоагаш беше оквалификуван како партиски универзитет на кој ќе се вработуваат партиски кадри, дека е тотално непотребен. Напротив, после 10 години истата таа опозиција ветува студенстки дом за тие студенти, од тој универзитет, кој тие не го признаваа. –изјави Ристовски

Ристовски, заедно со ректорската управа на УГД присустуваа на првиот академски час и им посакаа добредојде на околу 2 300 ново запишани студенти.

 
 
15.09.2016 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега