Три тениски и едно повеќенаменско игралиште во Охрид

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески и Градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачевски денеска официјално ги пуштија во употреба новите три тениски терени и новото повеќенаменско спортско игралиште во СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.

Овие игралишта се инвестиција на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт и се дел од проектот „Изградба на 120 тениски терени низ целата држава“  и од проектот „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава“.

Директорот Спасески во своето обраќање до граѓаните на Охрид, истакна дека со инвестициите на Владата на РМ и Агенцијата за млади и спорт, Охрид успеале да го направаат еден од најголемите спортски центри во регионот и пошироко.

– Успехот во спортот недвосмислено е поврзан со условите за тренинг и развојот на спортската инфраструктура. Да се има желба или талент за спорт не е доволно доколку не се обезбедат соодветни услови. Токму во таа насока се капиталните проекти за изградба на спортската инфраструктура во Охрид. Со тоа допринесуваме младите и идните спортисти да ги имаат сите потребни услови за спортување и постигнување успех, истакна Спасески.

Агенцијата за млади и спорт останува посветена на реализацијата и на останатите проекти како што е затворениот пливачки базен во СРЦ „Билјанини Извори“ и на фитнес зоната во Охрид, а предвидено за градба во понатамошниот период од 2017 година е и спортскиот Скејт парк, со што Охрид слободно можеме да кажеме дека со сите досегашни инвестииции прерасна во еден од најголемите спортски центри во регионот и пошироко, додаде Спасески.

Градоначалникот Бакрачевски се заблагодари за инвестициите во спортската инфраструктура од страна на АМС и истакна дека ваквите инвестиции се највредното нешто во изградбата на младите во здрави личности а со тоа и во борбата и оттргнувањето на младите од пороците.

 
 
15.09.2016 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега