Jолевски на средба со претседателот на Западниот универзитет на Ново Мексико

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе има средба со Џозеф Шепард, претседател на Западниот универзитет на Ново Мексико, од САД.

На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе се разговара за искуствата на овој значаен универзитет во САД и нивно пренесување во новоформираниот Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир, „Дамјан Груев“.

 
 
14.09.2016 - 08:30
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега