Седници на две собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт и за политички систем и односи меѓу заедниците.  

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог-закон за вработување на сто најдобро дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија, во прво читање. Со Предлог - законот се уредува вработувањето на сто најдобри студенти од прв циклус студии на еден од петте најдобро рангирани јавни универзитети во земјата. 

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледува Предлог - законот за изменување на Законот за престанување на важење на законот за определување услов за ограничување за вршење јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност, во прво читање, чии предлагачи се пратениците од СДСМ Горан Сугарески и Васко Ковачевски. Со Предлог-законот се предвидува мандатот на членовите на Комисијата за верификација на фактите да биде со траење до 1 септември 2016 година. 

 
 
14.09.2016 - 08:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега