СИТЕЛ: Учениците кои доаѓаат од селата имаат проблем да ја посетуваат наставата во Тетово поради поништен тендер

Иако е средината на септември десетици ученици од Тетовско се уште не почнале да посетуваат настава.

Причини се нерешениот просторен проблем за гимназијалците од македонските паралелки како и тоа што општината се уште нема избрано фирми превозници кои ги би носеле учениците од селските населби во средните училишта во Тетово.

За гимназијалците од македонска настава не се најде место во централниот објект на училиштето поради неможноста да се организираат доволни смени, иако градоначалничката на почетокот на учебната сгодина уверуваше дека таму ќе го продолжат школувањето.

Од општина Тетово соопштија дека со превозниците проблем е цената која треба да ја платат.  Прекинат е јавниот тендер, па сега се чека жалбената постапка која превозниците ја покренале до комисијата за јавни набавки.

 
 
13.09.2016 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега