СИТЕЛ: Нова сала за тенис, гимнастика и боречки вештини ќе се гради во состав на Спортскиот центар Борис Трајковски

Нова сала за тенис, гимнастика и боречки вештини ќе се гради во состав на Спортскиот центар Борис Трајковски, најави директорот на комплексот. Изградбата треба да почне идната година. Објектот ќе биде на 2 нивоа. Ќе  се простира на површина од над 3000 м2. 

На првиот спрат ќе бидат поставени душеци за борење и карате како и 5 ринга за бокс. Од страната ќе има трим патека и фитнес центар. Затворената тениска арена и справите  за гимнастика ќе бидат сместени на второто ниво. Тука ќе има и трибина за 500 гледачи и кафе бар.

-Објектот ќе овозможи одржување на професионални натпревари од тенис, гимнастика и боречки спортови, а кога сме кај гимнастиката, можам да кажам дека повеќе од 30 години не е ништо изградено за овој спорт, рече Златко Перински, директор  на СЦ „Борис Трајковски“ .

Новиот спортски објект треба да биде готов во првата половина на 2018 година и ќе чини околу 2 милиони евра.

 
 
13.09.2016 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега