СИТЕЛ: МВР ги зајакнува своите капацитети за сите видови вонредни ситуации

Безбедносната ситуација во Македонија е стабилна но реални се заканите и предизвиците со кои се соочуваат сите држави од регионот и Европа.

Променливите форми на насилен екстремизам, тероризам, исламски фундаментализам, прашања поврзани со странски борци специфични за секоја од државите се едни од најголемите закани по безбедноста истакна директорот на Бирото за јавна безбедност Чавков на отварањето на меѓународната конференција Менаџмент и преговори во кризни ситуации која се одржува во Охрид.

Сите држави од регионот се соочуваат со потенцијална безбедносна закана што произлегува од враѓањето на лицата кои војувале на странските боишта .

На меѓународната безбедносна конференција во Охрид учествуваат полициски експерти од областа на безбедноста од државите во регионот и претставници на академската заедница .

 
 
13.09.2016 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега