СИТЕЛ: Пензионерите и во 2017 година ќе уживаат на бесплатен туристички викенд, најави Груевски

Продолжува проектот за бесплатен туристички викенд за пензионерите. Со оваа мерка корисниците на старосна, инвалидска и семејна пензија имаат можност да искористат бесплатен превоз и сместување за две ноќи со полн пансион во хотели во Охрид, Струга, Дојран, Крушево, Преспа и Берово.

Проектот почна да се спроведува од лани. Во рангирањето предност се дава на пензионерите што имаат пониски пензии, лицата кои се подолго време во пензија, пензионерите кои работеле во рудници со подземен ископ и на пензионерите кои се корисници на инвалидска пензија.

Пензионерите кои користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат имаат право на придружник за време на користење на услугата.

 
 
13.09.2016 - 17:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега