Времето изненадува, еве какво ќе биде утре

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала, а попладне во планинските делови со малку зголемена облачност. На запад од земјата ќе има услови понекаде за краткотраен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и слаб северен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната од 24 до 32 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала, а попладне со зголемена облачност и со слаб ветер од северен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Во наредните два дена, четврток и петок, ќе преовладува претежно сончево време и малку потопло со мала облачност. За време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локален дожд. Во сабота ќе има и појава на грмежи, претежно во планинските делови од земјата. Со слично време ќе започне и следната работна недела. 

 
 
13.09.2016 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега