СИТЕЛ: Медиум ќе биде казнет доколку гласаат тројца членови

Ад хок телото за мониторинг на медиумите го усвои деловникот за работа. За да еден медиум добие казна ќе треба рака да кренат тројца од 5те члена.

За одржување седница потребен ќе биде кворум од тројца ноз а да донесат одлука ќе треба да бидат едногласни.

Начелно била изразена волја одлуките д асе носат со консензус онаму каде ќе има јасни прекршувања.

Но за нив и натаму останува проблемот со недоволно јасната методологија за оценување што е избалансирано известување.

-  Ние имавме една јасна методологија која се однесува на целиот овој период која од нејасни причини лидерите нба барање од СДСМ ја укинаа и ја вратија оваа стара методологија. Со неа не е утврдено како медиумите треба да се однесуваат на 100 дена пред изборите. Затоа мое мислење е дека ние треба да им излеземе во пресрет на медиумите со нашите одлуки бидејќи не сме им ни дале јасни правила за однесување, вели Цветин Чилиманов член на ад-хок телото.

Првиот извештаен период од 10 дена е веќе завршен. Остануваат уште девет периоди до денот на изборите. Иако извештајот на стручните служби сеуште не е доставен до ад хок телото, Чилиманов смета дека медиумите главно ги почитувале професионалните стандарди.

-Мое лично мислење е дека постои голем напредок во известувањето ан медиумите од аспект на овозможување простор за различните ставови. Ако вака се продолжи очекувам да нема причина за наша интервенција, вели Чилиманов.

За нејасната методолигија за работа викендов во интервју за Радио Слободна Европа говореше и директорот на Агенцијата за медиуми.

Смета дека што е избалансирано а што не членовите на ад хок телото ќе треба да одлучуваат според свое сопствено убедување.

 
 
13.09.2016 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега