СИТЕЛ: Паднати ѕидови, оштетени фасади и поткопани темели - ваква е сликата по земјотресите во Скопје

Паднати ѕидови, оштетени фасади, поткопани темели е дел од сликата што може да се види во Ракотинци, општина Сопиште како последица на земјотресите што се случија во изминатиов период во Скопје.

Но  ова е само дел од проблемот на жителите на ова населено место. Тие стравуваат од свлечиштето кое веќе неколку години им ги уништува домовите.

Од општината Сопиште велат дека се свесни за овој проблем. Ова свлечиште не е нешто ново и е активно веќе 15-тина години.

Од таму објаснуваат дека повеќе фактори влијаат за појавување на свлечиштето, како што се положбата на земјиштето и составот на почвата. Се надеваат дека со изградбата на фекалната канализација ќе успеат да го решат овој горлив проблем.

До сега 500 граѓани пријавиле штети на објектите во серијата на земјотреси во скопскиот регион. Пријавите во најголем дел се однесуваат на разурнати фасади, оштетени кровови, скршени прозорци и оштетени возила.

Во јавноста се појави голема забуна во врска со штетите што настанаа поради земјотресите. Затоа Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните дека бројот 195 служи само за пријавување за проценката на безбедност на објектите, неговата функционалност и дали истиот е безбеден за престој,а не за проценка за обештетување.

Од Центарот за управување со кризи исто така се апелира до граѓаните кои не можат да добијат слободна линија на бројот 195 да испратат податоци ( име, презиме, телефонски број за контакт и краток опис на штетата на следниве е-мејл адреси :

[email protected]

[email protected]

 
 
13.09.2016 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега