Од утре тестирања за програмата YES за престој на средношколци во САД

Американскиот совет за меѓународно образование од утре до сабота ќе ги изврши тестирањата за YES (Youth Exchange and Study) за младинска размена со која средношколците имаат можност да добијат стипедија и да поминат една академска година во САД. 

За време на престојот во САД, средношколците ќе живеат во семејство, ќе учат во американско средно училиште и ќе се запознаат со американската култура.  

На тестирањето можат да се пријават само учениците што се запишани во прва или втора година во средно училиште, да се родени меѓу 1 јануари 2000 година и 15 јули 2002 година, а учениците со посебни потреби треба да се родени меѓу 15 февруари 1999 и 15 јули 2002 година.

Тестирањето ќе се одржи утре во средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, во четврток во средното училиште „Ибрахим Темо“ во Струга, во петок во средното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово и во сабота во средното училиште „Лазар Танев“ во Скопје.  

Програмата е целосно финансирана од Владата на САД и поддржана од Американската амбасада во Скопје и Министерството за образование и наука на Република Македонија. ЅЕС програмата е администрирана од Американски совети за меѓународно образование во Македонија.

 
 
13.09.2016 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега