Скопјанка раскажува: Kога завикаа „земјотрес“, се сопнав од масата и отиде коленото

Не сум паничар, навистина, ама кога стресе, домашните завикаа „земјотрес“ и станувајќи од масата, се сопнав и само чув – крцна коленото, а не успеав ниту да излезам – се повредив во сопствениот дом во обид да избегам…

Еве ме во болница, утре ќе ми прават пункција на коленото и не знам уште колку ќе ме задржат. Среќа што не мораше да ме оперираат – раскажува 55-годишна скопјанка, која живее во населбата Железара. Таа е една од потешко повредените во обид да избега веднаш по завчерашниот земјотрес кој во 15.10 часот ги стресе Скопје и околината.

Попладнето била хоспитализирана на одделот за ортопедија во ГОБ „8 Септември“.

-Да знаев што ќе ме снајде, ќе си останев да седам дома, а не сега да лежам во болница – нагласи оваа жена.

Повеќе прочитајте на ДНЕВНИК.

 
 
12.09.2016 - 23:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега