ЕМСЦ ја намали јачината на вечерашниот земјотрес- потресот е 4 степени

Иако првично беше објавено дека јачината на земјотресот кој вечерва во 19:53 часот го погоди Скопје изнесува 4,8 степени, сепак пред малку на сајтот на ЕМСЦ бројката е променета.

Имено, според најновите информации на Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар, јачината на вечерашниот земјотрес изнесува 4 степени, што сепак претставува најсилен кој е почувствуван денеска.

Епицентарот на земјотресот е 8 километри од Арачиново, односно 4 километри од Радишани.

 
 
12.09.2016 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега