Вкупно 12 земјотреси го погодија Скопје

Два последователни земјотреса вечерва во 19 часот и 53 минути повторно го потресоа Скопје и околината.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,соопшти дека првиот земјотрес бил со магнитуда од  2.4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала. Почувствувани се во Скопје и околината со интензитет на првиот од III степени и на вториот од VI степени според Европската макросеизмичка скала. Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Претходно, земјотреси со магнитуиди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала го потресоа Скопје денеска во 11.50 минути и во 14.19 минути.

Денешните четири земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатите два дена.

Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот двата дена биле регистрирани 12 земјотреси. 

Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.

Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.

 
 
12.09.2016 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега