Тешка кражба во Македонија - крадец од женска чанта украл над 12 илјади евра

Полициската станица во Кичево поднесе кривична пријава против 20-годишниот Е.М. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавениот на 28 јули годинава од џип „Чироки“ со американски регистарски ознаки,  сопственост на жител од селото Колибари, одзел една женска чанта во која имало 9.450 евра и 4.720 американски долари во разни апоени, златен накит, како и четири патни исправи. Кражбата се случила во ноќните часови на паркинг простор на улицата „Маршал Тито“ во близина на угостителски објект. Пријавениот бил пронајден на 29 јули сокриен во домот на О.Џ. од Кичево. Во тој момент кај Е.М. биле пронајдени 4100 американски долари, а при извршен претрес во неговиот дом, биле пронајдени и останатите пари и златни предмети.

Дополнително биле пронајдени и патните исправи.    

 
 
12.09.2016 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега