Двајца малолетници тешко повредени во вагон во Куманово

Вчера околу 23:00 часот во Куманово, на Железничката станица, двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години се качиле на товарниот воз (вагон-контејнер), кој бил во мирување за да се сликаат над контејнерот.

Притоа, во еден момент шеснаесетгодишникот од Куманово остварил физички контакт со електричниот проводник над возот  при што се здобил со изгореници во делот на грбот, левата нога и стомакот.

Седуманесетгодишникот од село Отља, општина Липково, во тој момент скокнал од вагонот и се здобил со телесни повреди.

По настанот, 16-годишниот малолетник, по укажаната лекарска помош во Медицински центар Куманово, бил пренесен во Одделот за изгореници во градска болница Св.Наум во Скопје.

Седуманесетгодишникот  бил задржан во Хируршко одделение во Медицинскиот центар во Куманово за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот  извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи во  Куманово.

Железничкиот сообраќај бил во прекин во периодот од 23.00 часот на 10.09.2016 година до 02.00 часот на 11.09.2016 година.

 

 

 
 
11.09.2016 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега