Маж сред бел ден преживеа вистински хорор пред Веро, Џамбо во Скопје

 

Вчера околу 17:30 часот во Скопје на автобуската станица кај Веро Џамбо, во моментот кога  А.П. се симнал од автобус, од страна на четири непознати лица одзади бил удрен по глава со тврд предмет, по што му одзеле паричник во кој имало 20.000 денари.

А.П. бил пренесен во Градска општа болница Св.Наум Охридски, каде од страна на лекар биле  констатирани телесни повреди.

 Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 
 
11.09.2016 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега