Во Собранието ќе биде мирно и тивко - пратениците од понеделник одат на летен одмор

Македонските пратеници на петти август заминуваат на одмор, а Собранието нема да заседава ниту да одржува седници на комисиите до 20 август.

Утре собраниската администрација е редовно на работа, а пратениците привршуваат со своите обврски.

На Илинден во петок, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе положи цвеќе и ќе има обраќање пред споменикот на Методија Андонов-Ченто во Скопје. Парламентарни делегации на националниот празник ќе присуствуваат на прославите во Крушево и на Пелинце.

најчитано сега